| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците и денеска ќе дебатираат за тиранската платформа

Пратениците во македонското Собрание денеска треба да ја продолжат дебатата за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Во досегашната расправа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа отфрлање на тиранската платформа и предвремени парламентарни избори заедно со локалните како излез од политичката криза, додека од СДСМ сметаат дека не се почитува собранискиот Деловник и оти пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се поврзани со точката на дневниот ред. Тие бараат да се премине на гласање на следната точка од дневниот ред, односно избор на претседател на Собранието.

Денеска е 20. продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top