| четврток, 6 декември 2018 |

Црвениот крст на Скопје ќе изведе симулација на поплава

25 maj singelik 2Црвениот крст на град Скопје денеска ќе одржи симулациска вежба во рамки на проектот „Рано опоравување од елементарна катастрофа – Поплава”, поддржан од Австриски Црвен крст и Австриска Развојна агенција.

Вежбата ќе се оддржи во ОУ „25 Мај” во Сингелиќ како едно од шесте училишта опфатени со проектот. Вежбата ќе биде изведена од членовите на тимот на Подготвеност и дејствување при катастрофи, а ќе се симулира евакуација од пожар и земјотрес на учениците и наставниот кадар од училишна средина на безбедна локација. Преку импровизирана жичница и балон ќе бидат евакуирани дел од повредените ученици (маркиранти) соогласно интерниот план за дејствување за време на елементарни непогоди.

На вежбата освен екипи на Црвен крст учество ќе земат и Противпожарната бригада, екипа на Итната медицинска помош и МВР.

Вежбата се одржува со цел подигнување на свеста на граѓаните за значењето на навремена подготвеност и дејствување во случај на елементарни непогоди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top