| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановчани порачаа: Македонскиот народ преку фер и демократски избори ќе испише уште една значајна историска победа

Кумановци и вечерва се приклучија на маршот кој го организира Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и уште еднаш побараа целосно отфрлање на тиранската платформа, преку организирање избори.

Граѓаните вечерва тргнаа од кај Соколанскиот парк, по што продолжија по булеварите и улиците и маршот го завршија во центарот на Куманово, пред јарболот.

Андријана Стојановска во своето обраќање посочи дека граѓаните нема да дозволат прифаќање на тиранската платформа.

– Овде се зборува македонски јазик, се вее македонско знаме, се пее македонска химна, рече Стојановска. Додаде дека тиранската платформа не само што ги уништува вредностите на државата,ги уназадува и мултуетничките односи градени со години наназад.

Рече дека граѓаните бараат избори кои се единствено решение за оваа состојба.

– Македонскиот народ преку фер и демократски избори ќе испише уште една значајна историска победа, рече Стојановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top