Пред платото на Домот на културата во Кичево и вечерва на протест се собраа поддржувачите на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Даме Силјаноски истакна дека Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија” има став и цврсто барање од кое нема враќање назад, а тоа се нови избори.
Не може никој, рече тој, со изигрување на мнозинството граѓани со постизборна измама да владее во Република Македонија без народен легитимитет.
– Ние тоа ќе го спречиме. Преседател на Собрание и влада кој нема да се отаже од тиранската платформа нема да има, но ќе има избори во Република Македонија. Бараме свикување на итна собраниска седница со единствена точка на дневниот ред распуштање на Парламентот, прогласување и распишување на предвремени парламентарни избори, рече Силјаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст