| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните на Кочани со поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“

Граѓани на Кочани и вечерва преку мирен протест изразија поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“. Тие побараа отфрлање на тиранската платформа и одржување на нови парламентарни избори.

Низ улиците на градот со транспаренти на кои пишуваше „Не за поделба на Македонија“ и „Македонија е наша, на Македонците“ учесниците на протестниот марш порачаа дека се за унитарна Македонија.

Мирниот протест заврши во Градскиот парк каде пред споменикот на Никола Карев беше интонирана македонската химна.

За утре, граѓанската иницијатива најави нов протестен мар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top