| четврток, 6 декември 2018 |

Неготино на нозе: Да бидеме истрајни и да ја заштитиме нашата таковина, да ја одбраниме од секакви сценарија!

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва организираше протест во Неготино на кој беа истакнати заложбите против тиранската платформа и за зачувувањето на унитарноста на државата.

– Вечерва стојам пред вас со желба да пренесам една порака, порака дека не отстапуваме ни милиметар од тоа што значи Македонија и се што е македонско. Нека не мислат дека се изморуваме, дека деновите минат, дека многу денови поминаа и ќе се откажеме. Не се откажуваме. Македонецот никогаш не се откажува, рече Нада Најдова, воспитувач во детската градинка.

За оваа земја, како што кажа, се бореле и гинеле и сме должни кон сите кои пролеаја крв, да бидеме истрајни и да ја заштитиме нашата таковина и да ја одбраниме од секакви сценарија.

Професијата, рече дека и налага да ги учи децата за светот на фантазијата и бајките.

Нејзината порака е дека црвено жолтата линија никој нема да ја помине. – Наша обврска и должност е да се грижиме за идните генерации. На нашите деца треба да им овозможиме сигурна држава за живеење, татковината да ни е сигурна, а после доаѓа се останато. Не сакаме војни, сакаме мир и спокој, како и секој еден народ, рече Најдова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top