| четврток, 6 декември 2018 |

Сите ги пееме неговите хитови: Познатиот пејач израдува дете кое умира од ретка болест

Олие боледува од Бетанова болест, поради која ги изгубил моќта за гледање и одење. Ед Ширан со него се сретна по концертот во Манчестер, а Олие насмеа веднаш откако неговиот омилен пејач влезе во просторијата.
Родителите на 6 годишниот Олие го контактирале 26 годишниот Ед Ширан на почетокот на годината преку социјалните мрежи и му откриле дека голема желба на нивниот син е да го запознае омилениот пејач.

-Олие обожаваше да стои покрај телевизирот и да ги гледа спотовите на Ед. Сега веќе не може ниту да оди, ниту да гледа, кажаа родителите.

Инаку, Бетановата болест е доста ретка дегенеративна болест која почнува веќе во детството со тешки епилептични напади, а после некое време болните ги губат моќта за вид, говор и одење, исходот секогаш е фатален, а лечењето чини стотици илјади евра.

Тие му објасниле на пејачот дека неговиот глас го прател Олие низ најтешките моменти. Ширан договорил средба по концертот во Манчестер.

Кога Ед влезе во просторијата, Олие дури и се насмеа. Тоа беше непроценливо, кажуваат родителите.

Музичарот со големо срце се дружеше со детето и неговата сестра, која исто така боледува од истата болест.
-Го интересираше се за болеста на нашите деца и не праша како успеаваме да останеме прибрани, раскажуваат родителите.

За жал, лекарите за малиот Олие немаат добри прогнози. На родителите им соопштиле дека нивниот син ќе живее уште 6 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top