| четврток, 6 декември 2018 |

Две деца од Македонија кои не биле вакцинирани добиле инфекција со ХИБ

Инситутот за јавно здравје во март регистрирал 10 лица со заболувања против кои се спроведува задолжителна континуирана имунизација (без туберкулоза). Пријавени се 6 лица со вирусен хепатит Б и истите согласно Календарот за имунизација не подлежат на задолжителна вакцинација и не се вакцинирани. Во март, пријавени се две лица со заразни заушки, дијагнозата е поставена лабораторски и клинички. Во однос на вакциналниот статус, едното лице е вакцинирано, а другото не е вакцинирано. Регистрирани се два случаи на инфекција со ХиБ. Во првиот случај, се работи за 2-годишно дете од Велес, а во вториот случај за 8-месечно дете од Скопје. Во двата случаи, дијагнозата е докажана лабораториски и клинички, а во однос на вакциналниот статус двете лица не се вакцинирани против ХиБ согласно Календарот за имунизација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top