Во рамките на годинешната програма на Скопје филм фестивал, утре, 27 април, работилница за анимиран филм ќе одржи Берин Тузлиќ, уметник од Сараево. Работилницата ќе се одржи во Киноетка на Макеоднија од 12 часаот и ќе се состои од три сегменти: видеа од Ричард Вилијамс, интерактивен edutainment и видео цртање со тајминг музика, комбинирана техника Фазонатор.
Тузлиќ е мултимедијален уметник од Сараево, доцент по цртана анимација. Добитник е на многубројни награди од областа на краткиот анимиран арт филм, изработка на реклами и стрипови. Неговиот филм „Сараево, не знам кога и не знам каде сум“ е добитник на 33 награди, покрај останатите наградувани филмови „Страшила“, „Бегам и кога не сум крив“, „Фазонатор“ и други.
Автор на повеќе од 10.000 минути арт и рекламни анимации.
Тузлиќ е претседател е за БиХ на АСИФА, светско здружение на аниматори. Претседател е на НВО Pixel.ba од Сараево за аудио-визуелни комуникациски вештини. Коспоственик е на најголемата адвертајзинг агенција и продукција „Виамедиа“ во Бих, која има свои подружници во три земји.
Вечерва (26 април) на програмата на фестивалот се премиерите на двата нови краткометражни македонски филмови: „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимска, со Наташа Петровиќ и Шенка Колозова во главните улоги и „Чевли“ во режија на Бранко Костески, со актерите Благој Веселинов, Григор Јовановски, Диме Илиев, Ана Костовска и Роберт Ристов. На проекциите во кино „Фросина“ од 20,30 часот ќе присуствуваат и авторите и филмските екипи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст