| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе поскапи ли месото пред 1 мај?

Не поминаа ниту 2 недели од Велигден, а граѓаните стравуваат дека ќе дојде до повторно зголемување на цената на месото пред 1-ви мај.

Килограм бут чини од 200 до 250 денари, вратот е поскап и се продава од 300 до 350 денари, а меленото место е околу 220 денари по килограм. Голем дел од граѓаните се прашуваат дали овие цени ќе продолжат да важат до 1-ви мај или пак ќе следува ново поскапување.

Поскапувањето на месните прозводи во периодот пред 1-ви мај не се случува само оваа година ,бидејќи трговците веќе неколку години наназад ги искористуваат големите празници за да направат што е можно поголем ќар.

Македонија не е единствениот случај каде што редовно се изведува оваа практика. Истото се случува и во Србија каде што цената на месото во овие денови поскапе за 10-на проценти. Имајќи го превид фактот дека цените во двете земји следат некоја корелација останува да видиме како ќе се движи цената на местото во претстојниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top