Австралискиот пратеник од Либералната партија во Федералниот парламент и голем пријател на македонската заедница во Австралија ја разбесни грчката заедница во Австралија и предизвика лавина погрдни коментари на неговата страница на „Фејсбук“ бидејќи таму постави видеоклип од својот говор на собирот за поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ што се одржа во Сиднеј на 23 април на кој присуствуваа најмалку 5.000 Македонци.
Во својот говор, меѓу другото, Kели го коментира македонско-грчкиот спор за името изразувајќи недвосмислена поддршка за правото на Македонија за користење на своето уставно име.
– Само македонскиот народ, народот во Република Македонија, има право да одлучи како ќе се владее во нивната држава и ниедна странска држава нема право и не смее да се меша во тоа. Во таа насока македонскиот народ мора да има право да одлучи под кое име ќе биде познат и ако македонската нација сака да се нарекува себеси Република Македонија, сите други држави мора да го прифатат и да го почитуваат тоа – нагласи Kели.
Во истиот дух тој ја повика австралиската влада да ја почитува Република Македонија и да ги почитува светоста на нејзините граници и нејзиниот суверенитет и нагласи дека е крајно време владата на Австралија да донесе резолуција со која ќе го формализира тој став и ќе потврди дека државата е позната под името Република Македонија.
Бранот критики против Kели не заврши само на социјалните мрежи затоа што информативниот портал на грчки јазик „Грик сити тајмс“, заедно со неколку грчко-австралиски политичари, меѓу кои најгласен е пратеникот Том Kуцантонис, отидоа дотаму што се јавиле во кабинетот на австралискиот премиер Малком Турнбул и побарале Австралија уште еднаш да го потврди својот став дека австралиската федерална влада ~ се обраќа на Македонија под привремената референца и да се изјасни дека не ги поддржува ставовите на Kели.
Во реакцијата на Kрег Kели до „Грик сити тајмс“ се вели.
– Ја разбирам долгогодишната грчка врска со името Македонија. Но, мојот став е дека ова прашање не е историска дебата за тоа кој има поголеми права на името. Мојот став се заснова на едноставен концепт – дека секоја суверена демократска нација има право на самоопределување и слобода да одлучи кое ќе ~ биде името. Исто така, ќе нагласам дека по распадот на Југославија, повеќе од 130 држави ја признаа Македонија под уставното име Република Македонија, вклучувајќи ги САД, Kанада и Велика Британија, но не и Австралија – вели Kели во својот одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст