Кумановци и вечерва се приклучија на маршот што го организира иницијативата „За заедничка Македонија“ и повторија дека треба да се организираат избори на кои граѓаните ќе ја отфрлат тиранската платформа.
Маршот почна од Соколанскиот парк, по централните градски улици и заврши пред платото на Центарот за култура каде се обрати Јордан Пачков, кој рече дека граѓаните кои маршираат покажуваат одважност во зачувувањето на државата.
– Сакаат на кукавички начин да ни ја подметнат платформата која ќе ја разнебити државата, рече Пачков и додаде дека граѓаните нема тоа да го дозволат.
Протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ ќе продолжат и утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.