Пред Домот на културата во Кичево вечерва се одржа протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ на кој беше истакнато дека најдобро решение за излез од кризата е одржување на нови парламентарни избори.
– Нови избори е основното барање на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”. Граѓаните даваат масовна поддршка и ние затоа велиме „не“ за тиранската платформа. Тоа ќе биде најдоброто решение за крај на политичката криза на нашата татковина, рече Даме Силјаноски во име на граѓанската иницијатива.
Тој додаде дека бараат свикување на итна собраниска седница на која единствена точка на дневен ред ќе биде распишување на предвремени парламентарни избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.