Граѓаните 58 дена се веќе на улиците низ целата држава во борба за зачувување на суверенитетот и унитарниот карактер на својата татковина. Тие денеска повторно поминаа покрај народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, на кого повторно му се заблагодарија поради тоа што го почитува Уставот на државата.
Еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски кажа дека му се благодарни на претседателот, бидејќи поради него граѓаните оствариле неколку победи.
– Граѓани за заедничка Македонија, по 58-ми пат го проаѓаме ова место, ова место кое минатата година беше разрушено, кршено, палено, фарбано, ограбувано. Денеска гордо ја претставува функцијата, институцијата која што ни донесе нам неколку победи, бидејќи и ние го браниме суверенитетот и Уставот на Република Македонија и за тоа сме му благодарни на претседателот Ѓорге Иванов. Повторно го охрабруваме да не дозволи никакви лицемерни бирократи, кои во соседството спроведуваат едни аршини, кај нас други – рече Илиевски.
Тој ги спомена и двојните аршини, едни работи важат за кај нас, други кај нашите соседи.
– Во Албанија на опозицијата и викаат заборавете на тоа што барате, иако ги има истите барања со опозицијата тука од минатата година. Во Србија викаат демонстрантите заслужувале да разговараат со институциите, нас не сака ни да не види, ни да се сретне. Но, на таквите луѓе Ѓорге Иванов добро им покажува каде им е местото, така и да продолжи и нека заборават сите кои чекаат од него мандат, а се качени на Тиранска платформа, тоа нема да се случи, претседателе со вас сме – изјави Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Атанас Илиевски: Пајче, да се надеваме дека ќе дојде ден да проговориш од обвинителна клупа
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана