| четврток, 6 декември 2018 |

Балетската претстава „Дон Кихот“ презакажана за четврток 27 април

Македонската опера соопшти дека заради технички причини балетската претстава „Дон Кихот“, закажана за вторник, 25.04.2017 г. СЕ ПРЕЗАКАЖУВА за четврток 27.04.2017 година. „Дон Кихот“. Кореограф на оваа украинско-македонска копродукција е Виктор Јаременко, уметничкиот директор на еден од трите најпознати балетски ансамбли во светот – Балетот во Киев, сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева. Оркестарот од пултот ќе го води диригентката Бисера Чадловска.

Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова – Атанасовска во улогата на Китри и Бобан Ковачевскиво улогата на Базил, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ.  

Чешкиот композитор и виолинист Лудвиг Минкус (1826-1917) напишал неколку популарни балети, а речиси сите од нив, а особено балетот „Дон Кихот“ и денес се изведувани низ целиот свет. „Дон Кихот“ е балет во три чина базиран на познатиот истоимен роман од Мигел де Сервантес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top