| четврток, 6 декември 2018 |

Фановитe загрижени: Елтон Џон вo болница

Британскиот пејач Елтон Џон мина две ноќи на интензивна нега поради можна смртоносна бактериска инфекција. Тој ги откажа сите свои концерти до крајот на мај, изјави неговата портпаролка Френ Куртис.

Според нејзините кажувања, британскиот музичар се разболел по враќањето од турнејата во Јужна Америка, која заврши во Чиле на 10 април. Иако не рече за што точно се работи, се истакнува дека пејачот се заразил со „штетна и необична бактериска инфекција”.

Откако е пуштен од болница во саботата, Елтон Џон се наоѓа на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top