| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е вистината како Жељко Јоксимовиќ направил близнаци!

jovana

Генетиката на Жељко Јокисмовиќ е одговорна што неговата сопруга Јована носи близнаци. Имено, мајката на пејачот, Весна исто така има брат близнак, што според научните истражувања, најчесто е наследно и се пренесува на наредните поколенија.

Возбудата по повод приновата во семејството Јоксимовиќ расте со секој ден, а веста дека Јована носи близнаци, посебно ја израдувала мајката на Жељко.

-Родителите на Жељко се пресреќни, посебно Весна. Таа има брат близнак Веселин и се одушевила кога дознала дека во семејството Јоксимовиќ повторно ќе има близнаци. И Весна и Веселин живеат во Ваљево и многу се блиски- рекол извор близок на Јоксимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top