| четврток, 6 декември 2018 |

Состојба на патиштата во Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

На патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен на обиколницата кај Битола свлечиштето е очистено, но од превентивни причини сообраќајот се уште се пренасочува низ градот Битола.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента е затворена за сообраќај, a сообраќајот се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

Илинден А.Д. Струга известува дека ќе има времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498. Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента. Измената почна од 18.04.2017, а ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498.

ДГ Бетон АД известува дека поради изведбата на градежни работи на магистралниот пат А4, Делница клучка Кадино – клучка Хиподром од км. 4+230 до км. 9+330 сообраќајот се одвива согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај, почнувајќи од 03.04.2017 и во траење од три месеци.

На државниот пат А3(М5), делница Ресен – Битола во тек се работи на рехабилитација на коловозот.

На 07.03.2017 година започнаа да се изведуваат градежни активности и електромонтажни работи на дел од магистралниот пат А2, делница Тетово – Скопје, клучка Сарај. Активностите се реализираат во период од 07:00 до 17:00 часот.

ДГ Бетон АД Скопје извести дека почнувајќи од 27.02.2017год., поради градежни работи на магистралниот пат А2, Делница Гостивар – Кичево по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државниот пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Од 02.12.2016 година е воведена времена измена на режим на сообраќај, согласно Одобрение број 22.2-72149/2 со датум 18.11.2016 година, издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ, односно сообраќајот се одвива по левата коловозна лента /правец клучка Сингелиќ – клучка Стајковци/ во двата правци, а десната коловозна лента е затворена за сообраќај заради изведување градежни работи.

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, Коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, Коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на сообраќај бр. 1005 од 28 мај 2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.

Од 12 април 2017 се пренасочува сообраќајот на делницата Клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистралниот пат А3 и обратно до Клучка кај село Три чешми по ново изградената десна коловозна лента.

Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

На 27.11.2016 година целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с. Грдовци – с. Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

Работи на рехабилитација на државен пат А3(М5), делница Ресен – Битола.

Режимот на работа е поделен во 4 фази.

Првата фаза е пуштена во сообраќај (но не е изработена вертикалната сигнализација поради промена на основниот сообраќаен проект и затоа постојат знаци за работа на пат по трасата и знаци за општа опасност). Првата фаза е од бензинската пумпа на ЛУК ОИЛ Битола до петља кај с. Ротино и е долга 7 км.

Фаза 2 е долга 4 км. oд петља Ротино до петља Кажани. Во овој момент на фаза 2 се работи на гребење асфалт и извршено е асфалтирање на едната половина. Сообраќајот на оваа делница се одвива еднонасочно, односно при патување од Битола према Ресен се патува по стариот пат за Ресен (петља Ротино с. Кажани). При патување од Ресен према Битола сообраќајот се одвива по магистралниот пат по една коловозна трака, еднонасочно и наизменично во зависност на која лента се работат градежни активности.

Фаза 3 од петља Кажани до превој Ѓавато (пунктот на Македонија Пат). На оваа делница се работи на должина од 1,8 км, односно од паркингот кај чешмите до самиот превој. На оваа делница сообраќајот се одвива двонасочно односно на едната половина на патот каде не се изведуваат градежни работи. Тука патот е широк 11 м. оставена е една лента со ширина од 5,5 м1 за одвивање на двонасочен сообраќај.

Фаза 4 од превoј Ѓавато до раскрсница Макази се одвива еднонасочно. При патување од Битола према Ресен се патува по една лента на патот што се реконструира и тоа по лента каде нема градежни активности. При патување од Ресен према Битола се патува по стариот пат Ресен – Битола до превојот Ѓавато.

Планирано е денеска Фаза 4 и Фаза 2 (Ѓавато – Макази и Ѓавато – Кажани) да биде комплетно пуштена.

ФАЗА 3 да биде асфалтирана до 05.05.2017, а комплет пуштена во сообраќај до 15.05.2017. Крајниот рок за завршување на градежните работи е 15.05.2017 година.

ДГ Бетон АД Скопје известува дека почнувајќи од 27.02.2017год., поради градежни работи на магистралниот пат А2, делница Гостивар – Кичево после раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900, односно околу 800 м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку националниот парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да се обраќаат само до месноста „Kорита“.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип известува дека изведува градежните работи за градба на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до км47+107,00.

Од 21.05.2015 сообраќајот на делницата на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) целосно е затворен до целосно завршување на активностите (период од 2 години) со пренасочување на целокупниот сообраќај преку Регионален пат P 1204.

Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат кон условите на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top