Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, заедно со екипи од Министерството за внатрешни работи и од воената полиција, изврши увид на лице место на сообраќајната несреќа на автопатот Скопје-Велес, во која учествуваа три возила на Армијата на Република Македонија, соопштија од ОЈО.
„Според првичните сознанија, несреќата се случила кај наплатната рампа кај езерото „Младост“, кога на едно од возилата во колоната – оклопен транспортер му откажале кочниците. Тоа удрило во возилото пред него, исто така оклопен транспортер кое во моментот било застанато. Од ударот второто возило се придвижило и удрило во трето моторно возило –дефендер“, пишува во соопштението на обвинителството.
Во верижниот судар еден офицер и четворица војници на АРМ се здобиле со лесни телесни повреди, кои им биле санирани болницата во Велес, по што тие дале исказ пред јавниот обвинител. Во инцидентот причинета е незначителна материјална штета.
Дежурниот јавен обвинител издал Наредба за вонреден технички преглед на возилата кои учествувале во несреќата, со специјални насоки да се проверат уредите за управување и сопирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст