Марија Калојевиќ и Јована Ѓорѓевиќ од Горњи Милановац ја тужеле својата сограѓанка и колешка Весна Павловиќ дека не им ја исплатила договорената сума откако трите добиле на инстант лотаријата „Тркало на среќата“ на Државната лотарија на Србија. Девојките се колешки со години во спортска обложувачница и имале устен договор да ја делат потенцијалната добивка од секоја среќка која ќе ја купат заеднички, а најчесто играле грепки и лото.
Среќата решиле да си ја пробаат и на 3 март кога Јована и Весна купиле среќка од киоск во близина на работното место. Купиле три грепки од по 100 динари, Марија платила 210, а Јована 90 динари.
-Весна не плати, но се подразбираше дека ќе добие дел од парите доколку извлечеме добитна среќка, вели Марија.
Колешките ги донесел среќките на работа, секоја од нив земала по една и почнале да гребат. Среќката на Весна била добитна – таа изгребала 3 милиони динари.
-Збеснавме од среќа, се гушкавме, се бакнувавме. Не можевме да веруваме дека среќата ни се насмеа, опишува Јована.
Потоа, се до понеделникот когадобитничката требалод а замине за Белград за да ги подигне парите се било во ред. Вкупно требало да добијат 2,4 милиони откако 600.000 ќе отидат на данок на игри на среќа.
-Но, кога Весна е врати од Белград, почна да смислува изговори и да ни нуди значително помалку пари од оние што треба да ги добиеме. Вели дека ја притискаат родителите и дека поради тоа не може да ни исплати по 800.000 динари. Ни понуди по 100.000, родителите ѝ рекле дека не можеме да докажеме, дека нема причина да ни даде пари.
Секако девојките не сакале ни да чујат за помалку пари.
-Таква премија се добива еднаш во животот и ред е човечки да поделиме, вели Марија и додава дека таа и Јована ангажирале адвокат и поднеле тужба.
Добитничката Весна Павловиќ, пак, вели дека немала никаков договор со колешките.
-Им реков дека ќе ги почестам, а тие по секоја цена сакаат третина од добивката. Јас нр сакам да им дадам, зашто ништо не сме се договориле пред гребењето. Тоа се измсилици и врска немаат со реалноста. Со Марија поретко гребев, почесто со Јована, но апсолутно никаков договор сме немале. Тоа што ме тужеле е нивни проблем, јас знаш што е вистина, вели Весна, која по добивката си дала отказ во обложувачницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јована, Јована…Жената на српски фудбалер целосно гола го сруши Инстаграм!
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Рече Да: Марија Шерифовиќ во бела венчаница ги изненади сите
-
После оваа негова реченица таа се збуни и засрами – Жељко беше гостин кај Јована!