| четврток, 6 декември 2018 |

Рамос: Ние не сме екипа која плаче како Барселона

serhio ramos

Тимот на Барселона во возбудлив и драматичен натпревар успеа да слави во големата пресметка со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ и на тој начин да ја направи битката за пехарот во Примера уште поинтересна.

Оваа средба освен пет гола донесе и директен црвен картон кој го доби капитенот на Реал, Серхио Рамос и тоа по еден старт над Лионел Меси со две нозе во 77 минута. При напуштањето на теренот Рамос се впушти во препирка со Жерард Пике, а по средбата даде изјава во свој стил.

– Црвениот картон беше одлучувачки. Не сакам никого да повредам, според мене тоа беше жолт картон, а не црвен. Јас задоцнив, но немаше контакт. Никогаш немам намера некого да повредам – рече Рамос додавајќи оти саркастичниот аплауз по црвениот картон бил наменет за Пике, а не за судијата Ернандез.

-Не му аплаудирав на судијата додека го напуштав теренот, зборував со Пике, а не со судијата. Судиите понекогаш грешат, тоа беше одлучувачки, ама јас му зборував на Пике, а не на судијата. Барселона поинаку ја разбира играта и секогаш говорат за судиите. Ама јас нес акам да зборувам за нив, тоа не е наш стил. Пике секогаш зборува за арбитрите, можеби е подобро да збирувате кога тие грешат, отколку да молчите, ама јас нема да започнам контраверзи. Немам проблем со Пике, ама по вакво Ел Класико нема простор за прегратка – истакнал Рамос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top