Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, по слабиот настап на ИТФ фјучрсот во Киасо, Швајцарија, каде со сингл конкуренција беше елиминирана во четвртфиналето, забележа нов пад на ВТА ранг-листата.
Сега, на нашата најдобра тенисерка ѝ припадна 202. место на оваа листа, а овој пласман ќе може да го поправи уште оваа седмица, кога како 11. носител ќе настапи на силниот турнир во Тунис.
За разлика од сингл во конкуренција на двојки, Ѓорческа го задржа 136. место, откако заедно со својата партерка Александрина Најденова од Бугарија триумфираа во Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.