| четврток, 6 декември 2018 |

Мукоски: Ова се историски денови на бранење на државата, не се изгубени денови во Собранието

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, на денешната седница на Собранието на Република Македонија нагласи дека сите овие денови на дебата во Собранието не се воопшто изгубени денови, туку се денови кои ќе влезат во историјата како Македонците си ја бранат джавата.

-Овие денови во Собранието на Република Македонија не се изгубени денови, туку историски денови на бранење на државата од нејзино разнебитување, рече Мукоски.

Мукоски, дополнително упати апел за лидерска средба помеѓу партиите за да се избегнат се почестите скандалозни изјави како на пример изјавата на градоначалникот на Општина Дебар која што беше осудена и наиде на згрозеност од македонската јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top