| четврток, 6 декември 2018 |

На 2 август на „Ohrid calling 2017“ настапуваат Dante Klein и Kill the Buzz

На вториот фестивалски ден на OHRID CALLING 2017, на 02-ри август, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Станува збор за познатите диџеи DANTE KLEIN и KILL THE BUZZ, кои годинава го придржуваат HARDWELL на неговата светска турнеја.

DANTE KLEIN светската публика го запознава преку неговиот настап на Tomorrowland во 2015 година и оттогаш неговата кариера расте во нагорен правец. Соработува со некои од најголемите диџејски имиња во моментов, како HARDWELL, Dimitri Vegas, Like Mike, Sam Feldt и многу други. Неговиот сингл насловен „Let Me Hold You“ има милионски прегледи на Youtube и Spotify.

На светската електронска сцена KILL THE BUZZ станува познат со неговиот сингл „Party Hard“, во издание на продуцентската куќа на HARDWELL, Revealed Recordings. Истиот сингл премиерно го изведува HARDWELL на Tomorrowland во 2012 година и добива огромна поддршка од публиката и идни соработки со диџеите: David Guetta, Benny Benassi, Sander van Doorn и други.

Како што претходно веќе најавивме, на првиот фестивалски ден на OHRID CALLING 2017 ќе настапат dj RAVITEZ и познатиот AFROJACK како хедлајнер.

Билетите за фестивалот OHRID CALLING од денеска се веќе во продажба, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн, по цени од:

1000 денари ПАРТЕР

1.500 денари ФАН ПИТ

1.500 денари ВИП

БЛОК ВЛЕЗНИЦИ ЗА ДВАТА ФЕСТИВАЛСКИ ДЕНА:

1.500 денари БЛОК ВЛЕЗНИЦА за ПАРТЕР

2.000 денари БЛОК ВЛЕЗНИЦА за ФАН ПИТ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top