Командантот на Силите на Европската унија (ЕУФОР), генерал-мајорот Антон Валднер наведе оти оценува дека во Босна и Херцеговина или во соседството нема да има војна.
– Оваа земја (БиХ), со огромна меѓународна поддршка, веќе две децении ги одржува мирот и стабилноста. Не гледам какви било индикации дека тоа ќе се промени. Не гледам дека каква било војна ќе се случи тука или во соседството. Факт е дека тука нема конфликти за територијата со соседите, изјави Валднер во интервјуто за „Дневни аваз“.
На сајтот „аваз.ба“ е објавено дека командантот на ЕУФОР ја прокоментирал изјавата на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за „Фајненшел тајмс“, каде спомена можна војна на Балканот и во БиХ.
Валднер смета дека е факт оти Вооружените сили на Босна и Херцеговина (ОСБиХ) се „една успешна приказна и дека успеале да ги соединат припадниците на сите народи да носат иста униформа“.
– Моето мислење е дека реформите во секторот на безбедноста се еден голем успех што е постигнат тука. Гледајќи одовде, не го гледам истото што и Јункер, истакна Валднер.
„Дневни аваз“ потсетува дека Валднер ја вознемири јавноста со најавата дека „нема да се двоуми да ги повика резервните сили во случај да биде потребно“.
– Додека се подготвував за оваа функција, увидов дека дошло до значително намалување на бројот на силите во однос на почетниот состав на Силите за стабилизација на БиХ (СФОР). Имаме ограничен број на луѓе, а мандатот се уште, помалку или повеќе, е ист. Имено, ако во одредени ситуации сакаме да регираме, треба да ги повикаме резервните сили. Во нашите планови постојат неколку чекори за зајакнување на ЕУФОР, нагласи Валднер, додавајќи дека таа изјава ја дал со цел да потсети на тоа, а не да упати некоја одредан закана.
Тој наведе дека нема потреба од покажување на „мускулите“ со користење на воена сила.
– Јас мислам дека проблемите и тешкотиите со кои оваа земја се соочува не се од воена природа. Зошто да се испрати воена група тука? Што ќе прави таа?, констатираше Валднер.
Тој потенцираше дека смета оти закана од тероризам постои, како што постои и во целата Европа.
– Ако правам споредба и давам оценки што е поверојатно, дека терористички напад ќе се случи тука или негде на друго место, моите проценки се дека терористичките напади се наменети максимално да привлечат публицитет. Таков публицитет може да се привлече со напад во еден од големите градови на Запад. Нашата проценка е дека нивото на опасност се уште е ниско, објасни Валднер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст