| четврток, 6 декември 2018 |

Елон Маск не ја испушта од раце поранешната на Џони Деп

Сопственикот на Тесла и поранешната сопруга на Џони Деп тајно се гледаат веќе некое време, но Амбер Херд синоќа јавно си ја обележа територијата.

img-331291

Маск ретко објавува содржини на Инстаграм поврзани со неговиот приватен живот, таму најчесто ќе најдете фотки за неговите брендови „Tesla и Space X“

img-331292

Меѓутоа Маск, еден од најпосакуваните ергени во светот, вчера објави фотографија на која седи заедно со Амбер Херд во ресторан, а на лицето има голем бакнеж со кармин во иста боја како нејзиниот.

img-331294

Амбер објави слична фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм, очигледно горда на нејзиното дело.

Претходно двојката беше видена во природниот резерват Currumbin Wildlife Sanctuary како се држат за раце. Таму се забавуваа со неколку од неговите шест синови.

img-331293

Според Форбс, богатството на Маск изнесува 14,9 милијарди долари.

Амбер и Елон се запознале во 2013 година уште додека таа беше во брак со актерот Џони Деп, а Маск наводно бил магепсан од неа.

Шпекулациите дека двајцата се заедно почнаа уште лани летото откако двајцата беа забележани на настани во Лондон и Мајами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top