| четврток, 6 декември 2018 |

Грповски: Влезот на новиот ургентен центар ќе биде предвиден само за амбулантни возила

jovan-640x305

Пред започнувањето на градбата ќе имаме времен режим на сообраќај, а по завршувањето на проектот ќе имаме финален режим на сообраќај. Во тој финален се предвидува дека влезот до ургентниот центар ќе биде предвиден само за амбулантни возила, а сите други цивилни автомобили ќе движат преку останатите влезови предвидени со проектот, изјави Јован Грповски од Министерството за здравство, зборувајќи за изградбата на новиот клинички центар во Скопје.

– Ова е многу важно за пристапот на итните пацинети. Ќе имаме единствен ургентен центар. Во моментов е дисперзирано. Ќе имаме еден објект, еден приемен дел за ургентните пациенти и понатаму согласно патологијата ќе може да се рапоредуваат, појасни Грпповски.

Додаде дека со проектот предвидена е и изградба на хелиодром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top