| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгеличани се изјаснија против отворање рудници за злато

gevgelija-7Гевгеличани на референдумот спроведен вчера се изјаснија против отворање рудници за злато на планината Кожуф.
Од запишаните 19.459 гласачи, заклучно со 19 часот гласале 13.384 граѓани, односно 68 отсто од општинското гласачко тело, соопшти синоќа по сумирањето на резултатите Митко Дојчинов, член на ОИК Гевгелија.

Против отворањето рудници за злато на Кожуф се изјасниле 13.097 граѓани,154 биле „за“, а 133 ливчиња се прогласени за неважечки.

Според конечните резултати од гласањето, жителите на општина Гевгелија со огромно мнозинство донесоа одлука за заштита на животната средина и ја обврзаа општината да не дозволи отворање на рудници за злато на територијата на општина Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top