| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовен хороскоп за мај: Вистинско време за Бикот, да внимава Ракот…

Овен
Поради Сонцето во Бик, вашата љубов можете да ја сретнете во некоја финансиска институција или ресторан, а вашиот нов партнер би можел да биде во знак/подзнак Бик. Без оглед дали влегувате во нова врска или сте задоволни со вашиот партнер ова е месец во кој поради ретроградноста на Меркур, морате да бидете потолерантни од обично. Кажете му на партнерот се` што ви пречи.

Бик
Со Венера и Меркур во вашиот знак, вие сте еден од најсреќните знаци на овој план. Ако сте решиле нешто да поправите во љубовните односи, сега е вистинско време. Обрнете внимание на Стрелец и Риби, доколку барате нов партнер. Без оглед на тоа дали влегувате во нова врска или сте задоволни со вашиот партнер, ова е месец кога треба да бидете потолерантни отколку обично.

Близнаци
Поради 3 планети, меѓу кои и Венера, планетата на љубовта, во вашата 12-та куќа ќе бидете насочени кон флерт и тајна љубов, што за многу припадници на овој знак би било одлично. Ако сакате излет во некоја авантура, тогаш совршен партнер би бил Бик или Риби.
Здравје – Ова е месец во кој вашите нерви ќе бидат тестирани.

Рак
Поради комплицираните работи ќе биде добро да бидете и тоа како внимателни. Без разлика дали влегувате во нова врска или сте задоволни со вашиот партнер, ова е месец во кој, поради ретроградноста на Меркур, морате да бидете потолерантни од обично. Ако имате намера да пронајдете нов партнер, побарајте ги во знакот на Бик и Стрелец.

Лав
Во вашето поле на љубовта, се наоѓаат две лоши планети и вие треба да бидете и тоа како внимателни. Ако имате во план да најдете нова љубов, таа се наоѓа во вашето професионално опкружување, потребно е само да бидете истрајни во барањето. Доколку влегувате во нова врска, внимавајте – можеби личноста не има исти намери како и вие.

Девица
Владетелот на вашето поле на љубовта се наоѓа во знакот Стрелец. Ако ви здосади од вашиот моментален љубовен статус, тогаш новиот партнер побарајте го во знакот на Стрелец, Риби или Бик. Доколку сте веќе во врска, обрнете му повеќе внимание на вашиот партнер, бидејќи врската и не ви е баш стабилна.

Вага
Овен, Бик и Стрелец се знаци кои го држат клучот од вашиот љубовен живот и со оглед на актуелните планетарни можности, морате да бидете крајно внимателни во односите со спротивната страна. Очигледно е дека љубовта ви е постојано во главата, но не смее да ви ја одземе внимателноста: не треба да паѓате во замка.

Шкорпија
Владетелот на вашето поле се наоѓа во куќата на пријателот, што би можело да значи дека не треба да ја мешате љубовта со пријателството. Луѓето во знакот на Девица и Бик се ваши потенцијални партнери. Ќе биде невозможна мисија да ѝ пријдете на личноста доколку не се вооружате со вашата прекрасна и заводлива насмевка.

Стрелец
Ако сте во врска:
Во текот на мај, зафатените Стрелци треба да одржат ладна глава и да не дозволат ситниците кои бесконечно ги иритираат да им го уништат односот. Наоружајте се со толерантност и разбирање за партнерот и не се впуштајте во празни дискусии. Сега имате можност да најдете баланс во рутинските работи, како што се заедничкото готвење, прошетките и рекреацијата. Со партнерот уживајте во ситниците и малите радости. А, партнерот, за тоа ќе ви покаже благодарност и приврзаност до последната декада на мај. Тие синици живот значат.
Ако сте слободни:
Слободните Стрелци во мај нема да имаат многу енергија за прошетки и дружење. Повеќе ќе ви одговара куќниот мир и местата каде можете да откриете нешто ново и убаво. Ќе одите по изложби, театри, концерти и слободното време ќе го поминувате во кино. Од некоја сосема случајна средба или некој разговор на улица, еден Близнак, Овен, Вага или Лав, може да ви даде предлог, повторно да се видите. Работите ќе се одвиваат бавно, но на крајот од месецот, ситуацијата ќе се промени и тогаш можете да влезете во прегратка на многу интересна личност.

Јарец
Љубовта во текот на овој месец ќе расцвета. Сепак, поради ретроградниот Меркур, морате да бидете внимателни во комуникацијата со партнерот и потолерантни од вообичаено. Бикот и Лавот се вашите фаворити во случај да барате нов партнер. Доколку веќе имате партнер, добро би било да седнете и да разговарате со проблемите кои ги одолговлекувате веќе подолго време.

Водолија
Нема да бидете задоволни со вашиот партнер. На почеток ќе ги избегнувате расправиите, меѓутоа добро би било да се соочите за да не дојде до сериозни проблеми кои подоцна нема да можете да ги решите. Овој период може да ја сретнете поранешната љубов, но воглавно не е добра идеја да ги подгреете старите страсти.

Риби
Ако сте во врска:
Брачните Риби и оние кои се во долга врска, во текот на мај ќе имаат променлива ситуација. Под влијание на надворешни околности, вашиот партнер е во потешка ситуација и му треба повеќе од разбирање и внимание. Посебно во првата декада од мај, ќе се занимавате со решавање на финансиските проблеми и недоразбирањата во домот и со децата. Без разлика на тоа што нема да имате многу време еден за друг, важно е да бидете усогласени, еднакво да се ангажирате и поддржувате. Оваа ситуација не е многу романтична, но е хармонична и од неа ќе извлечете нешто подобро и корисно. Напнатоста ќе трае некаде до 9-ти мај, кога Јупитер ќе влезе во вашата куќа на партнерски односи и директно ќе додаде на среќа. По потешкотиите ќе имате можност да се посветите еден на друг и да поминувате убави љубовни моменти.
Ако сте слободни:
Рибите кои се слободни, своето време ќе го користат за чести излегувања, куќни забави и седенки во добро познато друштво. Краткотрајните авантури можете да ги доживеете на некој излет или патување, каде вниманието ќе ви го привлече некој Рак, Бик, Јарец, Водолија или Вага. Планетарните позиции и околностите се менуваат при крајот на мај, кога Меркур, вашата планета на љубовни односи, ќе ви овозможи директно да се зближите со некоја личност која ви се допаѓа. Посебни денови за љубов ќе ви бидат 22-ри и 25-ти мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top