Се работи за хронична болесткоја се развива со месеци па дури и години, а пациентите немаат никакви заболувања. Во телото се акумулираат отпадни производи, бидејќи бубрезитене може да ги отстранат. Хроничната болест на бубрезите е позната како „тивка“ болест бидејќи се развива долго време без никакво предупредување. Особено поради отсуство на било какви симптоми оваа болест е проблем кај постарите лица.
Хроничната бубрежна болест настанува кога способноста на бубрезите за отстранување на отпадот е целосно ослабена, објаснува на својата интернет страна Здружението за бубрежни пациенти. Бубрезите се исклучително важни органи, бидејќи го чистат организмот и го регулираат крвниот притисок, ја одржуваат цврстината на коските и го стимулираат производството на црвените крвни клетки кои носат кислород во телото. Нашите бубрези ја чистат целата крв околу 40 пасти на ден. Тоа се вкупно 200 литри крв.
Бубрезите од крвта ги отстрануваат отпадните производи кои се излачуваат преку урината. Нивната намалена функција во крајна линија може да доведе до оштетување на бубрезите и потребата за бубрежна супституциона терапија со дијализа или трансплантација. Се разбира, тоа има влијание врз целокупното здравје и некои други болести кои се појавуваат со возраста. Но, експертите истакнуваат како оштетување на бубрезите може да се открие рано и лесно од пребарување во урината, крвта или преку мерење на крвниот притисок.
Првите симптоми
Експертите велат дека со одредени симптоми можете и сами да ја откриете оваа болест во рана фаза што е клучно нешто за успешно лечење. Ако имате проблем со паметење или концентрација, тоа е индикација дека бубрезите не ви се во ред.
Меѓу првите симптоми кои можете и самите да ги препознаете се сува и осетлива кожа, зголемен крвен притисок, губење на здив, болка во нозете, отоци, ладна треска, губење на апетит, губење на вкус, аверзија кон месо и лош здив, проблеми со мокрењето, гадење, замор и повраќање.
Ова помага
Постојат работи кои може да ги направите за подобра работа на бубрезите. Бидете физички активни, исфрлете ги цигарите, шеќерот и солта. Во исхраната внесете лук, брокула, карфиол, малини, магданос, риба и боровинки.
Посебно внимание треба да посветите на внесувањето на течности во организмот. Всушност од 1,5 до 2 литри вода на ден значително го олеснува чистењето на штетните производи од крвта. Личностите со камењња во бубрезите треба да пијат повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст