| четврток, 6 декември 2018 |

Барса одлучи, нема да ризикува да настапи со Нејмар на вечерашното „Ел класико“

nejmar

Вечерва се игра едно од најголемите, ако не и најголемото дерби во светскиот фудбал. На „Сантијаго Бернабеу“ ќе се игра дуелот помеѓу Барселона и Реал Мадрид, кој доколку го добијат мадриѓаните тоа ќе значи и веријатно освојување на Примера.

Сепак во последните 24 часа бурата беше надвор од терените, со оглед дека Барселона бараше дупка во законот за да може на денешниот натпревар да настапи Нејмар, кој е суспендиран поради црвен картон.

Каталонскиот гигант поднесе жалба до Судот за спортска арбитража, но тој во текот на вчерашниот ден не успеа да се собере, па Барселона поради тоа што немаше официјална одлука, во својот тим на пат кон Мадрид го поведе и Нејмар. Но, на неколку часа пред почетокот на натпреварот од тимот на Барселона излегоа со официјално соопштение во кое потврдуваат дека Нејмар нема да биде дел од тимот, за да се сочува спортскиот дух на натпреварот.

– Бидејќи Судот за спортска арбитража не успеа на 12 часа до почеток на дербито да донесе одлука, ние сакаме да се посветиме на спортскиот дел од натпреварот. Поради тоа Нејмар нема да биде во тимот за денешниот дуел во Мадрид – стои во соопштението од Барселона.

Постоеше опасност доколку Нејмар заигра на денешниот натпревар, а Барселона го добие дуелот, истиот доколку Судот за спортска арбитража пресуди негативно, да го загуби со службени 3-0. Поради тоа од Барселона се одлучија Нејмар да не настапи на денешниот натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top