| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгеличани гласаат на референдум

На 37 избирачки места во општина Гевгелија вкупно 19.363 граѓани денеска ќе се изјаснат по пат на референдум дали се „за“ или „против“ отворање на рудници за злато во околината на селото Конско.

Вчера, право на глас го остварија 30 затвореници и 4 болни лица.

За референдумско изјаснување поради истите причини се подготвуваат и општините Валандово и Кавадарци.

Во Валандово, украинската компанија „Сардич“ веќе доби концесија на 35 години за рудникот за бакар Казандол и до крајот на годината треба да почне со експлоатација на рудата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top