Беживотното тело на познатиот адвокат Бранко Митриќ (57) е пронајдено во средата наутро во каналот на периферијата на Сремска Митровица. Смртта настапила под се уште неразјаснети околности, а официјалниот извештај од обдукцијата се уште е недостапен за јавноста.
Веќе неколку дена главна тема во Митровица емистериозната смрт на Бранко Митриќ кој во 1991 година стигнал во Србија од родниот Сплит, каде завршил Правен факултет и имал адвокатска канцеларија. Што точно се случило таа кобна ноќ меѓу вторникот и средата на патот во индустриската зона во сремската Митровица никој не знае.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.