Македонија е заедничка држава на сите граѓани, македонското сонце грее еднакво за сите, а ова се времиња кога секој треба да се преиспита, каков човек е, рекоа вечерва на митингот во Струмица од граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија”.
– Сте заборавиле ли дека името Македонија е дадено од Бога и е само наше, ваше и на сите кои се дел од неа без разлика на етничката припадност, а не како е само на Македонците и на Албанците. Изгледа сте заборавиле многу нешта штом дозволувате некој така лесно да ви негира се’ и да сака да ви го одзеде. Странецот вам, вие нам. Е не може, рече Елена Стојанова.
Говорниците побараа одржување на лидерска средба на која би се договориле локални и повторно парламентарни избори, како би се ставил крај на политичката криза.
– Слогата е мерило за успешноста и напредокот во едно општество. Себичноста не прави слуги на оние сложните, а сме и посвесни и повредни и поспособни од нив, но не и сложни. Па затоа ни се случуваат работи кои не сме ги очекувале до сега. Затоа Македонија има црвено жолти кој се сложни и сплотени во идејата дека нема да им дозволат на некој си Заев, Села да вршат распродажба на сето наше минато, сегашност и историја, рече Јане Ангелов.
Присутните граѓани потоа одржаа мирен протестен марш во централното градско подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст