Кратко по вчерашниот напад на полицијата во Париз, Исламската држава ја презела одговорноста за нападот. Агенцијата „Амак“, блиска до џихадистите, пренела дека нападот го извршил нивниот борец Абу Јусуф ал Белгики, кој бил убиен. „Ле Парисиен“ пишува дека Абу Јусуф е всушност военото име на Карим Чеурфи, кој бил под надзор на француските служби како многу опасен екстремист.
Првите информации што се појавиле во јавноста укажувале дека станува збор за државјанин на Белгија, но нема официјална потврда дека е државјанин на таа земја.
-Ал Белгики значи Белгиец, но тоа е многу замаглен идентитет – рекол портпаролот на белгиското обвинителство.
Чеурфи, роден парижанец, праќал закани преку мрежата „Телеграм“, која џихадистите ја користат за своја комуникација. Неодамна бил приведен поради испрашување, откако полицијата дошла до информации дека Чеуфри е во потрага по оружје, кое му е потребно да убива полицајци, но бил пуштен на слобода поради недостиг од докази.
Чеуфри инаку им бил добро познат на органите за ред. На почетокот на 2003 година бил осуден на 20 години затвор поради напад на полицаец, кој го извршил во 2001 година. Казната му била намалена во 2005 година, поради што излегол порано.
Нападот на полицаецот поради кој бил осуден на затворска казна се случил во 2001 година, кога тогаш 23-годишниот Чеурфи му го зел пиштолот на службеното лице и го застрелал трипати во градите, нозете и во стапалото, а потоа почнал да пука во други полицајци.
Покрај овој инцидент, Чеурфи учествувал во низа грабежи, а разузнавачките служби го сметаат за опасен екстремист.
Во налогот за апсење кој француската полиција го издала кратко по нападот, пишува дека осомничениот пристигнал во Франција со воз од Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож