Не за тиранската платформа, не за двојазичност, не за федерализација и разнебитување на Македонија испратија вечерва учесниците на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ што се одржа во Струмица.
Говорниците ја истакнаа опасноста која, според нив, ѝ се заканува на Македонија доколку се усвои и реализира платформата. Тој документ е наметнат од странство, а го загрозува суверенитетот и интегритетот на Македонија и, како што рекоа, има единствена цел за бришење на Македонија и нејзиниот идентитет.
Затоа побараа од политичарите одговорно однесување во заштита на државните интереси, името Македонија, знамето, химната и државните обележја.
Граѓаните потоа одржаа мирен протестен марш низ центарот на Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст