| четврток, 6 декември 2018 |

Подответе се: Вонредна прогноза на УХМР, од утре уште постудено

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА: 16 Гевгелија, 15 Д. Капија, 14 Струмица, 12 Прилеп, Битола, 11 Скопје, 10 Штип, Виница, Тетово, 9 Тополчани, Пожаране, 8 Охрид, Берово, Претор, 7 Кр. Паланка, 5 Ѓуриште, 2 Маврово, 0 Лазарополе.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот. 0 Пожаране, Маврово, Кр. Паланка.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладнето во северните и северозападните делови од земјава имаше зголемена облачност со слаб локален дожд, а на планините и некои повисоки места повремен слаб снег. Во останатите делови преовладуваше сончево и постудено време со мала до умерена облачност. Попладнево се задржа слична временска состојба, во западните планински делови имаше врнежи од снег, а во останатите делови умерено облачно, студено и ветровито со сончеви периоди. Во текот на денот дуваше засилен ветер од западен и северозападен правец, така во југозападните и јужните делови од земјава ( во Пелагонила на моменти ветерот достигнуваше брзина од 45 до 72 км/час и во Скопската котлина до 43 км/час).

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно и постудено со сончеви периоди, во северозападните делови со услови за локален слаб дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец, а најсилен се очекува да биде во југозападните и јужните делови од земјава (на моменти со брзина до 90 км/час). И во текот на ноќта нашето подрачје ќе биде под влијание на студена воздушна маса која ќе се спушта од север и ќе услови ведро и студено време со умерена облачност и со умерен северозападен и западен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и студено со засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и источните делови. Т-мин. од -4 до 4 а т-мин. 6 до 13 степени.

Скопје: Променливо облачно и студено со засилен северозападен ветер. Температурите од 0 до 10 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре ќе биде суво, студено и ветровито, а ветерот ќе биде северозападен и особено изразен вдолж Повардарието и источните делови. Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на повеќе места ќе бидат околу или под нулата. Дневната температура од сабота ќе биде во пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top