Педесет и три дена доаѓаме тука. Не треба да ве потсетам како изгледаше оваа канцеларија пред една година. Меѓутоа работите се променија, поради сите вас и поради сите граѓани за заедничка Македонија кои се секој ден на улиците, на нашата патека, истакна на денешниот протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, еден од организаторите Богдан Илиевски.
-53 дена се премалку во борбата за зачувување на унитарноста на Македонија и ќе продолжиме да доаѓаме колку и да треба. Човекот кого го претставува Народната кацеларија, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, тој човек повторно издржа сите 53 и со голема помош од сите нас. Го охрабруваме да продолжи достојно да ја брани заклетвата која ја положил кога станал наш претседател. Се додека е со високо дигната глава и исправена кичма и ние ќе сме тука со него, истакна Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст