| четврток, 6 декември 2018 |

Палевски: СДСМ во предизборието ги плукаше ДУИ, а сега игра весела математика со нив

Веселата математика на Заев е немање стратегија за освојување на власт, искоментира во анализа на ТВ НОВА, поранешниот претседател на градската организација на СДСМ, Љупчо Палевски во однос на изјавите на СДСМ дека 700.000 гласачи го дале својот глас за нивната коалиција.

-ДУИ за време на предизборието беше квалитетно исплукана од СДСМ, а денеска како аргумент СДСМ ги употребуваат 700.000-те гласови во кои се вброени и оние на ДУИ. Ова кажува дека Заев нема стратегија и концепт. Истите што ги обвинувал за корупција се дел од неговите 700.000 гласови против режимот. Гласовите на ДУИ се бројат два пати – како гласови за ДУИ и како гласови за СДСМ, изјави Палевски.

Според него, дошло времето кога ли Ахмети станал државотворен елемент во Македонија и сево ова што се случува е опипување и игра на нерви меѓу двата политички блока кои во моментов немаат политичко решение.

-Проблемот се нивните лидери – Никола Груевски и Зоран Заев. Имате лидер кој благодарение на бобите е искомпромитиран како политичар, а од другата страна имате лидер кој не знае како да дојде на власт и покрај таква логистика од Америка, бомби, па и огромно финансиско лоби зад него. Истовремено ги имате СДСМ кои ги загубија изборите со 49 пратеници, и партија која се уште е политички непоразена, како политички субјет, смета Палевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top