| четврток, 6 декември 2018 |

Девет дена не се вратила дома: Исчезна 17-годишна девојка од Чаир

Седумнаесетгодишна скопјанка веќе девет дена не се вратила во својот дом во Чаир. Нејзиното исчезнување дури вчера било пријавено во полициската станица во Чаир.

Таткото Г.С. (42) од Скопје пријавил дека на 11 април околу 11.00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 17-годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во истата полициска станица доцна вечерта било пријавено исчезнувањето и на уште една жена.

Дваесетгодишниот И.С. од Скопје пријавил дека на истиот ден околу 15 часот од непознати причини од дома во непознат правец се оддалечила неговата мајка И.Б. (68) од Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top