Времена измена на режимот на сообраќај ќе има утре на ул. „Филип Втори Македонски“, поради приклучување на објектот „Државни институции – Јавна администрација и Факултет за драмски уметности“ – Скопје на постојната водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, информираат од Г.Д. „Гранит“ А.Д. Скопје.
Градежните активности кои се однесуваат на вршење на прекопот ќе ги врши Г.Д. „Гранит“ А.Д. Скопје согласно Основен проект за времен режим на сообраќај на ул.„Филип Втори Македонски“, во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.