| четврток, 6 декември 2018 |

Владата има 21 ден да ги објасни грешките со климатските промени или ќе се соочи со правни мерки

„КлајантЕрт“, тим од адвокати за животна средина кои веќе двапати ги изведоа министрите пред суд и ги добија случаите, и дадоа на Владата рок од 21 ден да објасни зошто не успеа да направи план со кој ќе објасни како Велика Британија ќе се справи со климатските промени, како што е обврзана со закон, пренесува „Индепендент“.

Под условите од Правилникот за британските климатски промени, Владата мора да излезе со предлог како да се намалат емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина за 57 проценти до 2032 година.

Според официјални претставници, емисиите во Велика Британија се намалиле за 33 проценти меѓу 1992 и 2014 година, најмногу поради порастот на користење на струја на обновливи извори и преминот од термоцентрали на јаглен кон оние кои користат природен гас.

Но, додека повеќето домови се загреваат со гас и кога повеќето возила се уште користат бензин или дизел, Британија се уште е далеку од достигнување на целите до 2032 година.

Планот на Владата за намалување на емисиите на штетни гасови треба да одреди како ова ќе биде постигнато и требаше да се објави до крајот на минатата година, но постојано беше одложуван. Се смета дека понатамошни значајни кратења треба да вклучуваат политики кои се премногу радикални за сегашната Влада, посебно по бранувањата кои ги подигна Брегзит.

На пример, како дел од своите заложби, Норвешка вети дека ќе ги укине автомобилите кои користат бензин до 2025 година. Такво нешто се уште не се разгледува во Велика Британија.

КлајантЕрт има успех во присилување на Владата да му се покори на законот, двапати ги натера министрите да размислат за субстандардни планови за подигнување на квалитетот на воздухот на минимум безбедносните стандарди на ЕУ.

Во писмо до министерот за климатски промени Ник Хард, до кое стигна „Индепендент“, КлајантЕрт велат дека „се повеќе се загрижени“ дека Планот за редуцирање на емисиите на гасови се уште не објавен.

– Силата на Правилникот за климатските промени е што овозможува долгорочно напредно планирање и инвестиции, стои во писмото. – Амбициозниот план сега ќе ја стави Велика Британија пред пат за редукција на реални емисии на гасови и реални инвестиции во 20-те и 30-те години од овој вејк. Неуспехот да се направи амбициозен план сега ќе ја стави Велика Британија на пат да ги повтори претходните грешки, велат адвокатите.

КлајанЕрт предупредува и верува дека Владата со години е во расчекор со Правилникот за климатски промени поради нејзиниот план за намалување на емисиите на јаглерод диоксид до средината на 20-те години на овој век, кој всушност не ги остварува неопходните намалувања.

Писмото не се заканува со правни мерки, но се вели дека КлајантЕрт би „ценеле одговор во рок од 21 ден“ со кој би објасниле кога планот би бил објавен или да бидат наведени причините за продолженото одложување.

Исто се сугерира Владата наместо тоа да објави предлог план за консултации „како предмет на итност“ и така заинтересираните страни да помогфнат да се создаде ефикасна стратегија.

Карла Хил, директор за програми во КлајантЕрт за „Индепендент“ рече дека ако не се добие задоволителен одговор, може да ја тужат Владата на суд – но дека повеќе би сакала тоа да не се случи. – Правна мерка е опција ако не добиеме цврсти индикации што тие планираат да направат, додаде таа.

– Наша крајна цел во сето ова е Владата да направи добар план и навистина не сме заинтересирани да одиме на суд само за да ги присилиме да изработат план кој тие во секој случај се законски обврзани да го направат. Нашите цврсти заложби се одењето пред суд да биде последната шанса, вели Хил.

Таа ја објасни важноста од планот.

– Планот за редукција на емисиите на гасови е круцијален. Важен е затоа што тоа ќе испрати сигнал дека владата е сериозна во врска со Правилникот за климатски промени, рече Хил. – А тоа ќе донесе огромни суми од инвестиции во чиста инфраструктура и технологија, со кои ќе се намалат емисиите на гасови во Велика Британија во следната и во онаа по неа деценија, вели таа.

– Одложувањата и неактивноста не се никаква опција под Правилникот за климатски промени или пред меѓународните обврски кои Владата ги презеде. Тие го ратификуваа Парискиот договор минатата година, а тоа е обврзувачки меѓународен документ. Во моментов гледаме одложување, но неактивност не е никаков избор. Одложувањето само уште повеќе ќе го поскапи делувањето, вели Хил,

Во исказ пред парламентанрата Комисија на почетокот на годинава, Хард рече дека планот е толку важен што повеќе чувствува потребата тој да биде исправно направен, отколку да се почитуваат законските обврски за да биде објавен колку што е можно побрзо.

Портпарол од Одделот за бизнис, енергија и индустриска стратегија, која е одговорен со прашањата за климатските промени откако Тереза Меј го укина тој оддел рече дека планот е приоритет за Бладата,

– Наша намера се уште е да го објавиме што е можно порано во 2017, за да можеме да продолжиме да одиме кон негово реализирање. Сега преземаме критични подготовки за да овозможиме да биде добро направен и да создадеме чисти насоки како Владата планира да ги намали емисиите на гасови во следната деценија, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top