Пред платото на Домот на културата во Кичево вечерва се одржа граѓански протест за “За заедничка Македонија” на кој се обрати Даме Силјаноски.
– Ова е момент кога ние граѓаните треба да застанеме во одбрана на националниот, државниот интерес и ние треба да се избориме Македонија да застане на вистински колосек. Ова го кажувам од овде во Кичево каде добрите меѓуетнички односи биле пример не само во Македонија туку и во Европа и светот. Ние граѓаните сакаме да повикаме на разум, не на поделби, на развој, а не на стагнација, на отворање нови работни места, а не на затворање.
„За заедничка Македонија”, додаде, бара во име на граѓаните да запрат сите партиски превирања и несогласувања и да ја оствариме целта за која сите се залагаме-Македонија да остане унитарна, самостојна, суверена и независна.
– Само на таков начин ќе имаме подобар и попресперитетен живот. Тоа можеме да го направиме само преку нови парламентарни избори, каде граѓаните ќе изберат во каква Македонија сакаат да живеат. Ги осудуваме сите сценарија кои ги слушнавме во изминатиот период и затоа сакаме да им застанаме на патот на таквите сценарија, кои се антимакедонски и против сите нас кои живееме тука, рече Силјаноски.
Протестот продолжи со мирен марш низ улиците на Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.