Свадбите меѓу Србите и Албанките се се почести, едни го осудуваат тој тренд, други го поддржуваат, а еве што велат Албанките.
-Кај нас статистички доаѓаат пет жени на еден маж, што значи дека тие имаат многу голем избор при женидба. Ако девојката не е мажена и не студира, а има преку 20 години, околината ја третира како да и истекол рокот и не ја сака никој. Затоа не одбиваат момчиња од друга националност, кои би ги ожениле, па макар тоа и да е со посредство на агенција. За нив поголем срам е да останат немажени, отколку да појдат за момче од друга вера – велат Албанките.
-Исто така не им претставува проблем ни разликата во годините, важно е само младоженецот да е ситуиран, да ја почитува жената, затоа со задоволство се мажат за богати Срби или Црногорци, а има и такви кои се водат од логиката, што постар маж, тоа подобро, бидејќи ќе станат сопственички на се – рекол М.В.(37)
Најинтересно е што девојките од Албанија не се љубители на Албанците од Косово и повеќе се решаваат за Срби и Црногорци, отколку за косовски Албанци.
Многу важен фактор, можеби и малку бизарен, но секако влијае врз одлуката на многу Албанки да мажат за Срби е свадбата. Ниту еден Албанец нема тоа отворено да го каже, ама меѓу нив владее правилото дека српските свадби се најубави и највесели.
Во случај на венчавка на Албанка и Србин, се прават две свадби, во Албанија и Србија. Бидејќи семејството на невестата е големо, договор е пола роднини да одат на албанската, а другата половина на српската свадба. Неретко се случува да се скараат, бидејќи сите сакаат во Србија на свадба.
-Бев на една заедничка свадба, што е многу ретко, но еден блок песни беа на албански и тогаш сите седеа, а кога почна српската музика, настана хаос, сите гости беа на нозе – рекол соговорникот.
И додека сите ги одобруваат браковите на Србите со Албанките, никој не ја одобрува обратната врска, на Србинки со Албанци. Во тој случај семејството се откажува од девојката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.