| четврток, 6 декември 2018 |

Третата светска војна може да ја спречи само оваа земја

Нуклеарната војна повеќе не е нешто незамисливо, а доколку не се случи, ќе треба да им заблагодариме само на Кинезите, кои единствени можат да ја убедат Северна Кроеја да ја спушти топката.

Својот став околу користењето на новото оружје и Русија и САД го изнесоа претходните денови. Така САД фрли најголема нуклеарна бомба во својот арсенал во Авганистан- „Мајката на сите бомби“.

Не требало многу за и Русија да возврати и веднаш се пофалиле со своето оружје „Таткото на сите бомби“, кој имал 4 пати поголем разорен потенцијал од американската „Мајка“.

За работата да биде уште полоша, рускиот и американскиот претседател најавија ширење на нуклеарните арсенали.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс и јапонскиот премиер Шинзо Абе се сложија дека треба да ја убедат Кина да преземе поголема улога во решавањето на ситуацијата со Северна Кореја. Улогата на Кина во решавањето на оваа ситуација е важна и потребно е да се поработи на тоа да биде поголема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top