Еве некои предлози како да ги искористите преостанатите јајца од Велигден.
Ротквица салата со јајца
Потребно е: 2 китки ротквици, едно младо кромидче, 45 варени јајца, 200мл кисела павлака, сол, бибер, зачини.
Ротквиците исечете ги на кругчиња, белките на коцки, а кромидот на парчиња. Жолчките измешајте ги со павлаката и зачините. Може да ја јадете како оброк со препечен леб, или како додаток за месо.
Мимоза салата
Потребно е: 150 грама шунка, 150 грама кашкавал, 3 јајца, 1 кисела павлака, 2 поголеми варени компири, 150 грама мајонез.
Компирот сварете го со лушпа, излупете го, а потоа изрендајте го. Посолете и ставете бибер. Редете по ред рендана шунка, рендан компир, кашкавал и јајца. А измеѓу, меѓу секој слој, премачкајте мајонез и павлака. Украсете со рендани јајца.
Поленти јајца
Преостанатите јајца можете да ги наполните и тоа така што жолчката ќе ја помешате со некои од следниве состојки.
Комбинација 1: малку мајонез, сенф и сецкана шунка
Комбинација 2: малку павлака или сирење, ситно сецкани маслинки
Комбинација 3: ситно сецкани кисели краставички, чајна кобасица, помешано со крем сирење и магдонос
Зелка салата со јајца
Потребно е: свежа зелка, 4 варени јајца, 10 грама јаболки, 100 грама црни или зелени маслинки, балсамико, 3 лажици маслиново масло, малку ким.
Зелката исечете ја на што е можно потенки парчиња, јајцата на кругови, јаболките на коцки, исечете ги и маслинките. Од балсамикото, маслото, солта и кимот направете дресинг за салатата и со тоа прелијте ја смесата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст