| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците тврдат: Ако сте креативни, можеби сте психопат

Лицата кои поседуваат уметнички вештини и таленти имаат многу поголеми шанси да бидат психопати, тврдат научниците од Филипинскиот Универзитет во Манила, „Де ла Селе“.

Студијата „Истражување на постсоцијалниот модел на психопатија кај креативните личности: Докази од особини и психофизиологија“ е спроведена на 503 лица и на учесниците им биле поставени серија прашања за да се утврди нивното однесување во однос на особините кои се карактеристични за психопатија – нарциам и макијавелизам (способност за манипулација).

Научниците дошле до заклучок дека креативните личности имаат повисок степен на нечесност и поголема склоност кон преземање ризици за да дојдат до успех.

Авторите заклучиле дека „антисоцијалното однесување на тој тип може да се доведе во врска со психопатската злоба. Психопатската смелост всушност е интегрален дел на одделни креативни личности и функционално поврзани креативни процеси – наведуваат филипинските научници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top