| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје „dRUMELODY“ ќе го промовира албумот „Аеро“

На 22 април, со локација во ресторанот „Барбакан“ во Скопје, сараевскиот футуристички бенд dRUMELODY првпат во Скопје ќе одржи промоција на новиот албум „Аеро“, во издание на „Dancing bear/Warner music“ Хрватска.

Албумот го сочинуваат 9 песни, а обвивката е креирана според главната хероина од стрип изданието на Берин Тузлиќ ака dRUMELODY насловен „Devil in side“, според кој е изработен и првиот видеосингл за песната „Bad sunshine“.

dRUMELODY е бенд во кој главен збор има тапанарот, перкусионист, стрип-цртач и аниматор Берин Тузлиќ, чиј краток анимиран филм „Реквием за Пинокио“ минатата година се најде во официјална конкуренција на Канскиот филмски фестивал.

Главна карактеристика на овој музички концепт е во тоа што тапанот како инструмент го има главниот збор. Токму затоа dRUMELODY привлекува сѐ повеќе внимание со необичните настапи во живо не само на Балканот, туку и во другите европски градови како Берлин, Амстердам, Талин, Дубаи…

Албумот е објавен на винилно издание и во мп3 формат и е достапен на музичките платформи Deezeru и GooglePlay. Берин Тузлиќ е автор и на анимираните видеоспотови кои го следат албумот и кои ќе бидат изведени и на неговиот настап по промоцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top