Пратеникот Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ на продолжението на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, повтотрно како и на изминатите седници посочи дека на македонскиот народ не му е потребна никаква платформа, туку потребни се нови инвестиции кои што ќе ја раздвижат економијата и ќе отвораат нови работни места за граѓаните.
Димков додаде дека на таков начин се покажува грижата за сите граѓани без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми или други националности.
Тој апелираше до пратениците од СДСМ наместо да се обвинуваат кој е поголем Македонец, да ја отфрлат Тиранската платформа и да се насочат кон реалните проблеми на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст