Седумнаесет годишната Ламја од Пенсилванија веќе со години трпела онлајн критики и дофрлувања поради тоа што носи хиџаб.
“Искрено, кога сте муслиманка во Америка, безобразните и навредливи коментари и не се толку необичен феномен”, изјавила девојката пред неколку дена за Апворти.
На 14 април ја објавила одвратната порака која ја добила од странец. “Кучко, престани да го браниш исламот, замолчи. Не смееш да ја тргнеш ни шамијата од глава бидејќи татко ти ќе ти го помодри задникот.”
Поради идејата дека единствената причина зошто таа носи хиџаб е стравот дека татко ѝ ќе ја истепа, Ламја одлучила да покаже дека тоа нема врска со нејзинот татко. Таа му испратила порака на својот татко во која му најавила дека ќе престане д аноси хиџаб, а потоа допишувањето со него го објавила на интернет.
„Тато сакам да ти кажам нешто”, започнала.. “Кажи, добро си?”, кратко одговорил татко и’, на што таа му кажала дека се е во ред и дека размислува да престане да носи хиџаб.
“Душо тоа не е одлука која треба јас да ја донесам. Тоа е одлука за која не треба да одлучува ниту еден маж. Доколку се чувствуваш како да треба тоа да го направиш, направи го. Ќе те поддржам што и да биде.”
Нејзината објава на Твитер е лајкната 300.000 пати и споделена 140.000.. Ламја јасно ставила до знаење дека нема да го тргне хиџабот, но многумина ширум светот секако испратиле поддршка до неа и нејзиниот татко.
Други пак тврдат дека премногу се зборува за насилството врз муслиманските жени, додека се заборава дека постои насилство во сите култури. “А кога бел човек убива бела жена бидејќи не сака да се разведе од неа, тоа не е проблем.. Расизам во најлош облик”, напишала една жена.
Since this is a mentality a lot of you seem to have pic.twitter.com/CQn5L8zibS
— l a m y a a (@lxmyaa) April 15, 2017
Па наскоро Ламја повторно се јавила тврдејќи дека е погрешно сфатена, дека не вели дека жените не треба да носат хиџаб, туку дека неа никој не ја тера да го прави тоа, го прави своеволно.
When I show my dad being lenient and progressive you guys say "well that's one person" but yet when it comes to terrorism it's all of us??
— l a m y a a (@lxmyaa) April 15, 2017
@lxmyaa I get what message you're trying to send, shame some people are too ignorant to realize this though. And your dad is so sweet!
— Stargirl (@MabelleKreidy) April 15, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и